6 август

06 август, 00:01

Ова е навистина ден кој неколкупати е запишан во нашата историја.

Токму на овој ден, во 1900 година османлиската власт го затвори и осуди на робија Даме Груев, кој неколку години подоцна беше амнестиран и ја продолжи својата револуционерна дејност.

На истиот овој ден, во 1903 година беше напишан Крушевскиот Манифест како повик до сите обесправени во Македонија, православни и муслимани, заедно да се вклучат во борба против тиранијата. Манифестот наиде на одличен прием кај муслиманите кои живееја на територијата на нашата земја.

Повторно на 6 август, во 1944 година, Президиумот на АСНОМ донесе одлука Македонија да се подели на општини, околии и области.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2339 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

23 април

23 април

Во 1616 година починал Вилијам Шекспир, англиски поет и драматург, автор на 38 драми, 154 сонети и неколку поеми.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус