Животен стил, Живеј квалитетно

6 начини да исечете кромид без солзи

08 септември, 06:51

Кромидот е здрав, многу корисен за организмот, секојдневно е на нашата трпеза, дава посебен вкус на храната... Но за да се приготви, треба најпрво да го исечете.

Токму при сечењето, од кромидот се ослободува сулфур кој ги иритира очите, па оние кои се поосетливи веднаш почнуваат да плачат.

Ако сечењето кромид ви претставува проблем и плачете додека го сечете (јас плачам само што ќе му ја извадам лушпата, и тоа многу плачам!), тогаш обидете се со некој од нашите совети.

Бидејќи сечењето кромид е навистина голем проблем за мене, ги применувам сите можни совети кои ми ги кажале или некаде ќе ги прочитам, во потрага по најбезболниот начин на сечење кромид.

Домаќинки, доколку и вие плачете како мене, запрете ги солзите и ајде во потрага по најдобриот начин да исечете кромид без солзи.

Чувајте го во фрижидер
Пред употреба, кромидот чувајте го околу половина час во фрижидер, убаво да се излади. Студениот кромид нема да ослободува толку лутина при сечењето, па нема да има ни солзи.
Овој совет е наредниот кој ќе го пробам при следното сечење на кромид. Не знам дали делува, но вреди да се проба.

Не го отстранувајте коренот
Оние кои се обиделе, тврдат дека навистина помага. Не го чистете целиот кромид одеднаш. Отстранете дел од лушпата и горниот дел, но не сечете го коренот на кромидот. На овој начин ќе се ослободува помалку сулфур.

Запалете свеќа
Уште еден интересен совет кој вреди да се проба. Пламенот од свеќата го собира сулфурот кој се ослободува при сечењето кромид. Ако тоа е навистина така, тогаш вреди да се обидеме, нели! Ставете ја свеќата што поблиску до вас и фатете се за работа.

Користете остар нож
Овој совет доаѓа од професионалните готвачи. Тие велат дека колку е ножот поостар, помалку ќе се оштетуваат ќелиите на кромидот при сечењето, со што ќе се ослободува помалку сулфур. Уште подобро е ако ножот го полеете со студена вода.

Гума за џвакање
Додека сечете кромид, земете гума за џвакање. Според овој совет, џвакањето ве поттикнува да земате воздух преку устата, а не преку носот, па ќе ја вдишете лутината од кромидот, со што очите ќе бидат помалку изложени на сулфурот.
Ајде и тоа да го пробаме!

Сечете го во вода
Иако мене не ми помага овој совет, секој има различно осетливи очи, па можеби некому ќе биде корисен. Главицата кромид сечете ја во сад со вода, и проверете дали ќе делува.

Ако ништо не помага, тогаш не ни преостанува друго освен да ставиме наочари за пливањеlaugh

сечење кромид, солзи, кромид, kromid, solzi

Доколку имате некој добар совет кој ќе ги спречи солзите, помагајте и споделете го со нас!!!

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3626 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус