6 нешта кои мислевте дека ги знаете за Шпанија

20 септември, 07:27

Шпанија, земјата на флеменгото, убавите црнокоси жени, борбите со бикови...

Нашата претстава за оваа прекрасна земја е токму таква, па кога ќе се спомне Шпанија првата асоцијација ни е коридата и надалеку познатото фламенго.
 

 


Сите Шпанци танцуваат фламенго? Не би рекле, бидејќи овој танц е карактеристичен за јужниот дел на земјата, и не сите Шпанци знаат да танцуваат фламенго. Различните делови од Шпанија имаат свои домородни танци различни од фламенгото, но бидејќи не се толку популарни светот има впечаток дека сите Шпанци знаат и танцуваат фламенго. Всушност, фламенгото е многу тежок и специфичен танц и потребно е доста време и енергија за да се научи.

6 нешта кои мислевте дека ги знаете за Шпанија, флеменго, борби со бикови, корида, Каталонија, Сангрија, вино, миса, Шпанци, Шпанија, fudbal, фудбал, spanija, korida, borba so bikovi, matador

Сангријата е многу вкусен пијалак направен од свежо овошје и вино и потекнува од Шпанија, но Шпанците повеќе сакаат пиво и вино, а сангријата најчесто ја пијат туристите.

Дали знаевте дека борбата со бикови, колку и да е карактеристична за Шпанија, всушност и не е толку сакана ширум земјата? Многу здруженија во Шпанија се борат против традицијата на борба со бикови, а во некои делови од земјата, особено во Каталонија, борбата со бикови е забранета.

6 нешта кои мислевте дека ги знаете за Шпанија, флеменго, борби со бикови, корида, Каталонија, Сангрија, вино, миса, Шпанци, Шпанија, fudbal, фудбал, spanija, korida, borba so bikovi, matador

Иако се мисли дека Шпанците се многу религиозни и редовно одат на миса, статистиката покажува дека само 13 % од населението е длабоко посветено на религијата и одењето во црква.

Бидејќи Шпанците знаат добро да се забавуваат, честопати се мисли дека се мрзливи, дека работат малку, спијат до доцна и се забавуваат по цела ноќ. Вистината е малку поинаква. Шпанците имаат многу празници и знаат да уживаат во истите, но немаат време за постојано танцување и забава.

Сонце, море, прекрасни плажи... Мислите дека Шпанија е рај? Летата се премногу топли и долги, а зимите студени, особено во северниот дел на Шпанија. Некои делови од Шпанија честопати се подложени на дождови дури и во летните месеци.

6 нешта кои мислевте дека ги знаете за Шпанија, флеменго, борби со бикови, корида, Каталонија, Сангрија, вино, миса, Шпанци, Шпанија, fudbal, фудбал, spanija, korida, borba so bikovi, matador

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2125 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус