Здравје, Здрави навики

6 нешта кои треба да ги знаете за алергиите

04 април, 00:17

Пролетта е период  кога кај голем дел од населението се појавуваат непријатните симптоми на алергиите.

Иако во повеќето случаи алергиските реакции не се опасни, добро е да се знае како да се ублажат, доколку навреме се дејствува.

 




Што е тоа што треба да го знаете за алергиите?

Истражувањата покажуваат дека климатските промени имаат големо влијание врз појавата на алергии. Секоја година се зголемува бројот на лицата кај кои се јавиле симптоми на реакција на полен, токму поради промените кои настануваат кај растенијата, предизвикани од глобалното затоплување. Така, ако до лани не сте имале симптоми, не значи дека нема да ги добиете оваа година.

На што сте алергични?
Најчестата грешка која луѓето ја прават е тоа што сами заклучуваат на што се алергични. Без испитувања, не можете да знаете што точно ви предизвикува алергија. Во одредени случаи алергиската реакција се јавува неколку часа по доаѓањето во контакт со алергенот кој ја предизвикува. Можеби сте алергични на некоја храна, а во периодот кога се јавила реакцијата сте во природа, па сами заклучувате дека имате реакција на полен. Доколку секоја година имате симптоми, задолжително испитајте на што точно сте алергични.

Алергиски инекции – Да или не?
Инекциите може да помогнат, но проблемот е што немаат ист ефект кај сите, а и секој организам различно ги поднесува.
Дејствувајте навреме
Ако знаете дека сте алергични на полен, дејствувајте навреме, уште пред да се појават првите симптоми. Народната медицина советува како да се подготви организмот за полесно да се справи со поленот.

И дебелината игра улога во случаите на отежнато дишење
Американскиот колеџ за астма, алергии и имунологија тврди дека и телесната тежина игра голема улога во силно изразените симптоми на алергија поврзани со респираторниот систем. Најлош случај на алергија е оној кој предизвикува астма, а дебелината е еден од факторите кој предизвикува иритација на белите дробови, што резултира со отежнато дишење.

Домашните миленици - причинители на алергија
Колку и да го сакате вашето милениче, доколку имате симптоми, а не се поврзани со полен, веднаш проверете дали имате алергиска реакција на миленичето. Симптомите може да траат долго време, затоа е многу важно да ја откриете причината и да преземете мерки на заштита.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1314 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

12 август

12 август

Во 30 година п.н.е. починала Клеопатра, последената вледетелка на Птоломејската династија.

© 2020 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус