Здравје, Здрави навики

7 ореви дневно за здраво срце

10 април, 06:34

Јаткастите плодови – оревите, се богати со витамини, минерали и растителни влакна кои многу поволно влијаат врз здравјето на луѓето. 

Поради големата концентрација на витамини и минерали, оревите најмногу делуваат за заштита на срцето, односно со нивно секојдневно консумирање во голема мера се намалуваат шансите за срцев удар. 

Покрај што оревите го заштитуваат и го негуваат срцето, благодарение на нивниот богат и здрав состав, тие истовремено се и одлична ужина која во голема мера ќе го засити чувството на глад. 
Не само што нема подолго време да чувствувате глад, туку истовремено, знаејќи го фактот дека оревите се одлична замена за месото, а воедно и многу поздрава варијанта од него, треба колку што е можно повеќе да почнете да ги применувате во секојдневната исхрана, доколку сакате да се грижите за вашето здравје.

Веќе и научно е докажано дека оревите се многу поздрави од кикирите, бадемите и фстаците, бидејќи за разлика од нив, а и за разлика од било кое друго високо концентрирано овошје со витамини и минерали, содржат поголема количина на антиоксиданси, скоро и дупло повеќе.

Со редовно консумирање на само 7 ореви во текот на денот се намалува ризикот од срцев удар, се намалува и регулира нивото на покачениот крвен притисок и се намалуваат шансите за заболување од било кој вид на рак.

Грижете се за здравјето и грицкајте си по неколку оревчиња дневно!

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 5764 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

6 Јуни

6 Јуни

Во 1799 година, во Москва е роден познатиот руски поет и основач на модерната руска литература, Александар Сергеевич Пушкин.

© 2023 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус