Здравје, Здрави навики

8000 чекори до здравје!

02 јули, 07:08

Шетањето е една од физичките активности кои секој може да си ја дозволи, бидејќи за да шетате не ви е потребна никаква специјална опрема, реквизити и друго.
Сѐ што ви е потребно е добра волја, удобни обувки, желба и упорност.

За време на прошетката секој мускул од телото се активира, па како резултат на тоа се подобрува циркулацијата, срцето работи со полна пареа, белите дробови се ставаат во полна функција, се подобрува целиот респираторен и кардиоваскуларен систем.

Секој вид на шетање и бавното и брзото шетање се од голема корист, но најдобри резултати по однос на здравјето даваат прошетките кои траат половина час и се изведуваат со побрзи чекори.

За да знаете дека го погодивте темпото кое е препорачано за шетање, треба да добиете забрзано дишење и забрзан пулс.
Доколку за време на прошетката можете да разговарате со некој што е со вас, тоа е знак дека темпото не ви е погодено, треба да побрзате.

Шемата за да напредувате во шетањето без никаков проблем е следната: почнете првите две недели со секојдневни прошетки кои ќе траат 30 минути, наредните две недели зголемете го времето на 45 минути, а наредните недели шетајте по два пати во текот на денот во времетраење од по 30 минути, значи вкупно 60 минути прошетка на ден, поделена во два термини кои вас ќе ви одговараат.

Бидејќи не сте поврзани со термин кога треба да шетате, како што тоа обично е со аеробикот или фитнесот, можете да се шетате кога вас најмногу ви одговара, самите си одбирате релација и друштво, значи целиот избор е на вас, вие треба само да почнете и да бидете упорни.

Во половина час шетање отприлика се поминуваат 8000 чекори. 
Значи за да бидеме здрави, да имаме здраво срце и здрави бели дробови, да имаме кондиција и да сме активни учесници во секојдневните обврски, потребно ни е секојдневно да поминуваме по 8000 чекори.

Почнете уште денес и бидете упорни, бидејќи сега знаете дека крајниот резултат на шетањето е бесценетото здравје.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2000 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус