Здравје, Здрави навики

9 причини зошто да јадете јагоди

11 јуни, 18:36

Месец јуни е период кога може да се најдат најмногу јагоди. Не само што изгледаат убаво тие се и многу здрави. Конзумирајте јагоди заради тоа што:

 

 

 

 

1. Се силни антиоксиданси

Јагодите содржат високо ниво на антиоксиданси, од повеќето видови храна и овошје кое се тестирани, тие се на четвртото место на најголеми содржатели на антиоксиданси. Го штитат телото од болести и го успоруваат процесот на стареење.

2. Се извор на витамин Ц

Јагодите како извор на неопходниот витамин Ц помагаат за подобрување на силата на артериите и ја подобрува работата на надбубрежните жлезди кои имаат потреба од голема количина витамин Ц. Осум јагоди содржат повеќе витамин Ц отколку еден портокал.

3. Го регулираат шеќерот

Една чаша јагоди помага во регулирањето на шеќерите во крвта кои се намалиле поради т.н. шилци во крвта. Создавањето шилци во крвта може да е последица на преголема телесна тежина, дијабетес или хипокликемија. 

4. Ги намалуваат воспалението и болката

Според истражувањата, јагодата го намалува нивото на воспалителните показатели ЦРП (Ц-реактивен протеин). 

5. Помагаат во контролирањето на срцевите заболувања и артритисот.

6. Јагодата содржи антоцијани кои го стимулираат согорувањето на мастите во телото. 

7. Анти-канцерогено дејство 

Флавоноидите кои ги содржи јагодата го спречуваат размножувањето на „лошите“ клетки.

8. Фенолните киселини кои ги содржи помагаат за намалување на симптомите при алергија (освен доколку сте алергични на јагоди).

9. И деветтата причина е нивниот вкус и изглед. Уживајте додека ги конзумирате свежи како сок, во десерт или како цели плодови. 

jagodi


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 5387 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус