9 заповеди за успех

27 февруари, 00:02

 

 

 

 

 

 

„Работи вредно секој ден како животот да ти зависи од тоа.

Научи дека само со трпеливост можеш да управуваш со својата судбина.

Внимателно определи ја својата насока или вечно ќе луташ.

Подготви се за мрак додека патуваш по сонце.

Смеј ѝ се во лице на неволјата сѐ додека таа не се предаде.

Сфати дека плановите се само соништа ако ништо не преземеш.

Тргни ја пајажината од сопствениот ум пред да се заробиш.

Олесни си го товарот ако сакаш да стасаш на целта.

Никогаш не заборавај дека секогаш е подоцна отколку што мислиш”.

„Најголемиот успех на светот” – Ог Мандино

Секоја од овие Заповеди за успех кои Ог Мандино ги набројува во неговото ремек дело „Најголемиот успех на светот” се полни со мудрост. 

Нивната секојдневна примена го олеснува нашиот живот, го прави поисполнет, помудар, посреќен и ослободен од секакви грижи и напнатости.

Со почитувањето на Десетте Божји заповеди можеме да го доживееме и да го видиме царството Божјо, а со почитување и правилно применување на овие девет Заповеди за успех, тоа исто Божјо царство можеме да го видиме, доживееме и пробаме додека сме живи, овде на земјата. 

Изборот секако е ваш дали ќе ги прифатите и ќе почнете да ги применувате Заповедите за успех и вашиот живот ќе го менувате кон подобро, или нема да ги прифатите и ќе тапкате во место без да доживувате личен и духовен напредок. 

Секој од нас самиот пред себе е одговорен за својот избор и своите постапки. 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2124 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус