Ајвар со црни домати
Состојки:
10 средни по големина црни домати
15 кг. пиперки
4 кг. домати
1 и 1/2 литар малсо
сол по вкус
Подготовка:
Пиперките убаво се мијат, потоа се печат, се лупат, им се вадат семките, се цедат и откако убаво ќе се исцедат, се мелат во машина.
Црните домати убаво измиени се печат во загреана рерна. Откако ќе се изладат, се лупат и се мелат.
Доматите убаво се мијат и се мелат.
Во поголемо тенџере најпрво се пржат само доматите, околу 15 минути. Потоа се додаваат црните домати и смесата се пржи со често мешање уште 15 минути. Последни во смесата се додаваат пиперките.
Ајварот се пржи отприлика 1 час и 30 минути, но откако ќе почне да врие. Сѐ додека се пржи треба често да се меша бидејќи може да загори.
Пред ајварот да се тргне од огнот му се става сол и 1 или 1 и 1/2 литар масло.
Сезона на ајвар е, нели?
Додади коментар