Здравје, Природни лекови

Ако сакате да изгледате помлади - јадете домати

12 септември, 06:20

Доматот е зеленчук кој изобилува со калиум, витамини А, Ц, Е и фолна киселина.

Црвената боја на доматот е добиена благодарение на липокенот.

Со редовно јадење на домати се заштитува кожата од штетното влијание на сонцето и таа станува многу поеластична.

Пред да се изложите на штетните сончеви зраци, најдобро е да испиете 250 мл. цеден сок од свежи домати. На овој начин сигурно нема да добиете изгоретини по телото, а и ќе го внесете потребното количество на витамини во телото.

Научниците советуваат дневно да се јадат барем по 2 домати, за кожата да биде посвежа и да изгледа помладо.

Лушпата од доматот која многумина не можат да ја џвакаат, исто така изобилува со витамини кои помагаат во намалувањето на разни воспаленија и алергиски реакции.

Доматот влијае на намалување на апетитот, го забрзува метаболизмот и помага во намалувањето на вишокот килограми.

Со редовно консумирање домати, кај жените се намалува ризикот од настанување на тумори на јајниците, се намалуваат шансите за настанување на кардиоваскуларни проблеми, настанување на астма и појава на хронични болести на белите дробови, а мажите доколку во текот на една недела јадат по најмалку 4 оброци во кои задолжително има домати, за 40% ги намалуваат шансите за заболување од рак на простатата.

Откако се запознавте со благодатите кои ги даваат доматите, пробајте во текот на денот да изедете барем по 1 домат, нормално ако сакате да бидете здрави и да се грижите за вашето здравје, а сигурна сум дека нема човек кој не сака да е здрав.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2051 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус