Мој предлог, Книга

Алеф – враќањето кон нашите почетоци

02 јуни, 06:39

Од перото на мајсторот на пишаниот збор произлезе Алеф – книга која зборува за враќањето кон нашите почетоци, за една неверојатна потрага по духовното обновување и средбата со нашите грешки, стравови и гревови.

Коелјо ја раскажува својата лична потрага по минатото, потрага по љубовта и барањето прошка.

Тргнува на патување низ светот на кое ќе го доживее Алеф.

„Алеф е како точка во универзумот што ги содржи сите други точки, сегашни и минати, големи и мали”. Алеф значи дека разбираш нешто што не можеш да си го објасниш, дека ја чувствуваш Божествената енергија.

Во својата потрага по духовноста Коелјо се сретнува со Хилал, девојка која била дел од некој од неговите минати животи, во некоја сосема друга димензија, и заедно го продолжуваат патувањето.

Алеф е книга за потрагата по себеси, за вербата и храброста да се соочиме со предизвиците кои ги носи животот.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2134 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус