Здравје, Природни лекови

Аронија – бобинката која спасува живот

18 август, 00:03

Кога се зборува за кралот на сите видови овошја, се мисли на аронија, на малите темни бобинки кои имаат неверојатно лековита моќ и се далеку подобри дури и од боровинките, капинките и малините.

Изненадени од лековитоста на бобинките, научниците спроведоа многу истражувања и резултатот секогаш беше ист: аронијата е вистински дар од природата и борец против многу сериозни заболувања.

 

Аронијата може да се користи и како храна, и како лек за:

  • подобрување на циркулацијата;
  • ја прочистува крвта;
  • ја ублажува главоболката и мигрената;
  • го намалува крвниот притисок;
  • поволно делува на желудникот и цревата;
  • ја спречува дијареата;
  • го зајакнува имунитетот;
  • служи како детоксикант на организмот;
  • правилен развој и функција на црниот дроб;
  • ја регулира работата на штитната жлезда;
  • го намалува шеќерот во крвта;
  • ја регулира работата на панкреасот;
  • помага за заштита на кожата од стареење и УВ зраци;
  • помага за побрзо зараснување на раните;
  • помага при атеросклероза и воспалени вени;
  • чир на желудник;
  • грчеви во стомакот.

Како се употребува

Бобинките имаат специфичен остар вкус, па на многумина можеби нема да им се допаднат, но земајќи ја предвид нивната лековитост, вкусот и не е толку важен.

Може да се користат свежи, во чаеви, во житарици, како додаток во кремови за палачинки, слатки пити, како сок или да се приготват како џем.
Се користат и суви, а и замрзнати плодови.

Аронијата е растение кое не бара посебна грижа, па многумина веќе го одгледуваат во дворовите. Оние кои немаат такви услови, лесно ќе најдат аронија во поголемите маркети и на пазарите.

Дали знаевте дека: По нуклеарната катастрофа во Чернобил, аронијата се користела за ублажување на здравствените тегоби на озрачените лица.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 14345 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус