Автомобили

Бентли го претстави најбрзото купе досега

20 јуни, 00:03

Бентли ја претстави ограничената серија на нивниот најбрз спортски автомобил досега, купето Continental GT3-R.

Купето е опремено со 4 литарски твин-турбо V8 мотор кој располага со 572 кс.

Автомобилот развива брзина од 100 км/ч за 3,8 секунди, со максималната брзина од 273 км/ч.

Големата брзина и моќност на ова купе се должи делумно и на неговата тежина. Имено, Continental GT3-R е за 100 килограми полесен од Бентлиевиот GT V8 S.

Бентли го претстави најбрзото купе досега, спортски автомобил, Continental GT3-R, 4 литарски твин-турбо V8 мотор, менувач, автомобили, бентли, bentli, avtomobili, sportski avtomobili, тркачки автомобили

Continental GT3-R е совршен спој на динамичност и убавина.

Подобрениот менувач, погонот на сите тркала, одличниот систем за електронска контрола за стабилност, сè е подредено на совршенството и динамичноста.

Бентли го претстави најбрзото купе досега, спортски автомобил, Continental GT3-R, 4 литарски твин-турбо V8 мотор, менувач, автомобили, бентли, bentli, avtomobili, sportski avtomobili, тркачки автомобили

Внатрешноста е исто толку импресивна како и перформансите на купето. Седиштата, воланот и менувачот се обложени со кожа, а зелените рабови на седиштата се одличен контраст кој уште повеќе го потенцира луксузот на внатрешноста.

Бентли го претстави најбрзото купе досега, спортски автомобил, Continental GT3-R, 4 литарски твин-турбо V8 мотор, менувач, автомобили, бентли, bentli, avtomobili, sportski avtomobili, тркачки автомобили

Бентли го претстави најбрзото купе досега, спортски автомобил, Continental GT3-R, 4 литарски твин-турбо V8 мотор, менувач, автомобили, бентли, bentli, avtomobili, sportski avtomobili, тркачки автомобили

Сите 300 автомобили од ограничената серија ќе бидат произведени во бела боја, со истите зелени линии како и во внатрешноста.

Тимот на Бентли е особено горд на своето динамично купе, за кое извршниот директор на Бентли изјави дека е ново ниво во историја на Бентли, производ кој претставува вистинска прослава за инженерството.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 4672 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 Март

19 Март

Во 1955 година, во западна Германија е роден познатиот актер Волтер Брус Вилисон, или познат во филмската светска јавност како Брус Вилис. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус