Автомобили

Lamborghini Aventador LP700-4 Roadster е распродаден до 2014

05 февруари, 06:51

Супер луксузниот Lamborghini Aventador LP700-4 Roadster кој беше претставен кон крајот на 2012 година, ги исполни сите очекувања на производителот.

Lamborghini може да се гордее на својот Aventador Roadster кој веќе е распродаден во голем број, а порачките се пополнети сè до летото, 2014.

Оние кои не стигнаа навреме да се запишат во книгата на порачки ќе мора да почекаат до 2014, кога ќе се заврши производството на веќе порачаните автомобили.

Воодушевувањето на Lamborghini при презентацијата на сопствениот производ е навистина оправдано, а изјавата дека ова е највозбудливиот автомобил кој воопшто е произведен во нивната фабрика, уште еднаш се покажа како точна.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1096 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус