Автомобили
Новата Honda Odyssey со вграден вакум систем за чистење
Развојот на технологијата од ден во ден сѐ повеќе оди напред.
Секојдневно се лансираат нови модели на автомобили кои за разлика од нивните претходници се надградени во повеќе сегменти, како изглед, коњски сили, број на вртежи на моторот, удобност и прилагодувања на седиштата и многу други работи.
Во поглед на одржувањето на чистотата на автомобилите, автомобилската компанија Honda во нивниот најнов модел Honda Odyssey кој е еден вид на мини комбе, прикажа нешто што е навистина уникатно и до сега не видено.
Имено, во самиот автомобил, во неговата внатрешност, оваа компанија вгради уред за чистење со кој може да се исчисти секој дел од внатрешноста на автомобилот.
Станува збор за вакуум уред кој е вграден во левата страна на задниот панел на автомобилот, кој располага со 10 метарско лесно свиткувачко црево, со чија помош ќе можат да се исчистат и најтешко достапните делови од внатрешноста на автомобилот.
Вакуум уредот, цела нечистотија која се бери при вшмукувањето од автомобилот, ја собира во лесно менлива филтер кеса.
Должината на цревото е доволна за да може да се исчисти овој автомобил и од надворешната страна.
Прашината и нечистотијата не се повеќе проблем за новиот Honda Odyssey, напротив, сопствениците уживаат во неговото чистење како никогаш до сега.
Погледнете го овој револуционерен пронајдок.
Додади коментар