Автомобили

Opel ADAM со награда за дизајн

18 април, 12:33

Opel и оваа година е добитник на наградата Red dot за најдобар дизајн, и тоа за моделот Opel ADAM. Претходно оваа награда ја доби и за моделите: Insignia, Astra Sports Tourer и Astra GTC.

Од компанијата Opel изјавија дека нивното задоволство е големо пред сè поради силната конкуренција која ја имаа за оваа награда. За наградата за најдобар дизајн се натпреваруваа 1 865 компании и дизајнери од 54 земји. На стручното жири им беа претставени 4 662 автомобили во 19 категории.

Наградата ќе биде врачена на свечената Red dot вечера на 1 јули 2013 година.

Традицијата на овој натпревар трае 58 години и претставува еден од најголемите и најпознати натпревари од областа на дизајнот.

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1871 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус