Автомобили

Погледнете го новиот Lamborghini Huracán!

04 април, 00:02

На саемот за автомобили кој се одржува во Женева, покрај останатите нови модели на автомобили беше претставен и новиот модел на Lamborghini - долго најавуваниот Huracán.

Наследникот на Gallarda по сѐ изгледа личи како да го надмина неговиот претходник, како во дизајнот, така и во возните карактеристики, па така љубителите на брзи и луксузни автомобили како што е овој нов Huracán, сега ќе можат да уживаат во многу подобри и понапредни услови.

Lamborghini Huracán за само 3,2 секунди развива брзина од 0 до 100 км/ч благодарение на погонот на сите 4 тркала. 
Максималната брзина изнесува 315км/ч што е само уште еден податок кој кажува дека овој луксузен автомобил ќе може да се вози по улиците на светски развиените и богати земји.

Моторот кој е сместен во средишниот дел на шасијата е идентичен како моторот кој го користи Audi R8 и е направен од комбинација на карбон и алуминиум.

Изгледот е надграден во однос на Lamborghini Gallarda, кој вљубениците во овој вид на автомобили го забележуваат уште при првиот поглед. 
На предниот дел на браникот има три отвори за земање воздух кои се со нагласени агли, со што на Lamborghini Huracán му даваат остар и моќен изглед, а за изгледот да биде уште подобар и понагласен тука се и предните светла кои се со многу остар дизајн и даваат „bad boy” изглед. 
Задната страна е надополнета со нови штоп светла и нов браник.

Lamborghini Huracán тежи 1422 кг. бројка која говори за неговата стабилност и сигурност, а за цели 12 кг. е потежок од Lamborghini Gallarda. Разликата во килограмите е поради новата динамичка технологија со која е создаден овој убавец и поради богатиот и многу подобрен внатрешен изглед во кој спаѓа и додатната опрема на која дизајнерите воопшто не штеделе.

Што уште треба да се каже за овој Lamborghini Huracán за да бидете мотивирани да ги погледнете фотографиите?

Изгледа дека автомобилите кои пред неколку години можевме да ги погледнеме само во анимираните филмови како неостварлива идеја на креаторите на истите, денес стануваат секојдневие. Тоа е така затоа што технологијата секојдневно се подобрува и развива со огромна брзина, а како резултат на тоа развивање денес ги имаме овие т.н. супер автомобили или автомобили на иднината.

Цената на Lamborghini Huracán е 250.000$, но тоа е само бројка која не може да ве натера да не ги погледнете фотографиите.

Уживајте во изгледот и дизајнот на новиот Lamborghini Huracán!

Погледнете го новиот Lamborghini Huracán!, poglednete go noviot Lamborghini Huracán, avtomobili, lamburdzini, автомобили, ламбурџини

автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4151 пати.

Коментари [0]

Додади коментар

Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар

НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус