Автомобили

Што се брзи гуми?

26 август, 12:59

Дали го имате слушнато терминот брзи гуми, дали знаете што се всушност брзи гуми?

Ако порано една гума можеше да се монтира на неколку видови автомобили, денес тоа не е можно, бидејќи за секој модел на автомобил одговара одреден вид на гума.

Гумите спаѓаат во потрошен материјал и препорачливо е да се менуваат често во зависност од промената на годишните сезони.

Возењето е далеку посигурно и побезбедно доколку на автомобилот се монтирани гуми кои се соодветни на видот на автомобилот и кои се нови, или релативно нови и се со добра шарка.

Гумите му помагаат на автомобилот да ги постигне неговите максимални перформанси, односно од него го извлекуваат неговиот предвиден максимум.

Сите видови на гуми се дизајнирани и направени со одредени перформанси.

Едни гуми се наменети за возење во лето, други за во зима, трети за брзина до 150 км/ч и така натаму.

Брзите гуми препорачливо е да се користат за возила кои можат да постигнат брзина поголема од 210 км/ч. 
Ако овие гуми се употребуваат на автомобили кои немаат можност за толку големо забрзување и кои се возат во границите на некоја нормална брзина до 120 км/ч, тогаш нема да биде исполнета нивната цел за која се направени.
Просечни автомобили кои би имале вакви брзи гуми би биле многу поскапи токму поради гумите.

Во групата автомобили кои можат да постигнат брзини поголеми од 210 км/ч и на кои можат да се монтираат вакви брзи гуми спаѓаат спортски седани и купеа, хечбек автомобилите, спортските автомобили, супер автомобилите и многу други видови на брзи автомобили.

Брзите гуми се во директна врска со индексот на брзина на автомобилот, па затоа секоја гума има и соодветна ознака која ја покажува максимално дозволената брзина на автомобилот која гумата може да ја поднесе и издржи.
Овие т.н. брзи гуми се изработени од подолготрајни и поскапи материјали кои се поотпорни на високите температури кои настануваат при возење со големи брзини.

Како што спомнавме, на секоја гума постои ознака која дава информација за колкава максимална брзина е наменета гумата, па во прилог информирајте се и вие за значењето на тие ознаки кои го означуваат дозволениот и препорачан индекс на брзина.

Индекс на брзина   Максимална брзина км/ч
H        210 км/ч
V    240 км/ч
W     270 км/ч
Y   300 км/ч
ZR  за брзини поголеми од 240 км/ч

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2719 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 април

16 април

Во 1889 година е роден Чарли Чаплин, јунакот на немите филмови, режисер, комичар и композитор.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус