Автомобили

Toyota Prius +

01 февруари, 10:00

Toyota Prius + се најде во првите три најпродавани автомобили во светот за 2012 година, веднаш после Корола и Фокус.

Овој доста добар автомобил уште од неговото промовирање беше критикуван за неговиот изглед и високата цена. Сигурно се прашувате што нуди повеќе од останатите.

Toyota Prius + е пред сè семеен автомобил со 7 седишта, голем багажник и голема комфорност, аеродинамична силуета и оптимална потрошувачка. 
Благодарение на Hybrid Synergy Drive технологијата, автомобилот ја оптимизира потрошувачката на гориво при градско возење и ја намалува емисијата на CO2.
Она што сигурно ќе ве фасцинира е вградената иновативна технологија која ќе ви помогне да го прилагодите автомобилот на вас. Воедно, овозможува прилагодување на брзината при кочење што ќе го спречи отсечното поместување нанапред, што е добро за оние кои сакаат да спијат мирно додека патуваат.

Toyota Prius + е првиот потполно хибриден семеен автомобил кој изобилува со голем простор. Во основа ги задржува традиционалните карактеристики на Prius кој беше произведен пред 15 години со продажба од 3 милиони автомобили.

Toyota Prius + има панорамски покрив, LED фарови, магленки, интелигентен систем за паркирање, екран на допир; а за поголема безбедност располага со 7 воздушни перничиња, светла кои треперат при кочење, посебен систем за искачување по стрмни патишта и систем за предупредување во случај на недозволено приближување до друго возило. Автомобилот Toyota Prius + е 136 КС со хибридно-бензински мотор.

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1286 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус