Животен стил, Кујна, Рецепти

Бајадера

16 февруари, 07:56

500 гр. шеќер
220 мл. вода
1 маргарин
300 гр. мелени бисквити
300 гр. мелени ореви
100 гр. чоколадо за готвење
Глазура:
100 гр. чоколадо за готвење
2 – 5 лажици маргарин
3 – 4 лажици какао
малку шеќер
малку млеко

На тивок оган се ставаат шеќерот и водата да зовријат. Откако шербетот ќе се излади му се додава растопениот маргарин, мелените бисквити, мелените ореви и се заедно, убаво се меша. 

Смесата се дели на два дела. Во едниот дел се става 100 гр. стопено чоколадо и убаво се меша.

Во калап за бајадера, на дното се става кафеавиот дел, а над него белиот дел од смесата. Вака добиената бајадера се прелева со глазурата.

Бајадерата се остава да постои неколку часа во фрижидер за да се стегне и потоа се сече на правоаголничиња. 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 7705 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус