Здравје, Природни лекови

Бананите се извор на здравје

31 август, 07:07

Најпопуларното овошје на светот, бананите кои потекнуваат од Малезија, денес ги има насекаде низ светот и сите луѓе имаат можност да уживаат во нивниот беспрекорен вкус.

Бананите се овошје кое изобилува со витамини, минерали  и растителни влакна и токму поради нивниот богат и здрав состав, доколку редовно и правилно се консумираат, претставуваат извор на здравје.

Кои се нутриционистичките факти за бананите?

Бананите се добар извор на витамин Ц, калиум и растителни влакна. 

Една банана има 15% витамин Ц, 11% калиум и 16% растителни влакна од дневните потребни количества. 

Витаминот Ц му помага на телото да оздрави и да се заштити од инфекции, а важен е и за апсорпција на железото, прави синтеза на сврзените ткива и помага во формирање на крвта.

Калиумот му помага на телото да ја одржи рамнотежата на течностите во крвта и ќелијните ткива. Тој е есенцијален минерал за синтеза на протеините и за градење на мускулите. Може да ги намали хипертензијата и ризикот од срцеви удари.

Бананите исто така содржат и големо количество витамин Б6 со што се обезбедуваат 20% од дневно препорачаните дози на овој витамин.
Витаминот Б6 е важен за синтеза на антителата во имуниот систем. Овој витамин исто така помага во метаболизмот на протеините, во формирањето на црвените крвни зрнца и во функционирањето на централниот нервен систем.

Бананите не содржат масти, холестерол или натриум, но содржат повеќе јаглехидрати од сите други овошја.
Телото ги согорува калориите од јаглехидратите побрзо и полесно отколку калориите од протеините и мастите.

Бананите не е препорачливо да се јадат на празен стомак, а ако се комбинираат со малку протеини помагаат во нормализирање на инсулинот во крвта. 

Ова драгоцено овошје кое е извор на здравје, нека стани задолжителна ужина на вашето секојдневно мени.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3135 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус