Мој предлог, Каде на одмор...
Банско
Есента е најубавото годишно време за прошетки во природа и за прошетки на чист воздух.
Доколку сакате оваа есен да вдишете здрав и чист воздух ви советуваме да го посетите Банско бидејќи токму тоа и ви го нуди.
Рекреативниот скијачки центар кој се наоѓа на Пирин планина, град со извонредна природна убавина сместен под највисоките планински врвови, тоа е Банско.
Сместен на источните падини на Пирин планина, Банско е место кое нуди специфична атмосфера со својата местоположба, архитектура и културно наследство, изобилува со густа шума, скијачки терени, патеки за пешачење и безброј луксузни хотели.
Во моментот е најновиот и најпознатиот скијачки центар во Бугарија благодарение на брзиот развој кој го доживува последниве години.
Оваа есен посетете го Банско бидејќи ќе останете маѓепсани од духот на градот и од убавините на Пирин планина. Верувајте дека во вас ќе се роди желбата за повторно да го посетите Банско бидејќи ќе ви недостасува мирот кој доаѓа од Пирин, кој како пајажина се има распространето низ целиот град.
Посетете го Банско и со сите ваши сетила почувствувајте ја и доживејте ја есента.
Додади коментар