Животен стил, Кујна, Направи сам

Беспрекорна трпеза за празниците

01 јануари, 00:22

Празниците се посебни моменти за секое семејство. Тие се можност да се видиме со пријателите, да ги направиме омилените колачи, да месиме домашно лепче... 

Уредувањето на трпезата е посебно задоволство за секоја домаќинка. Не е важно колку и што ќе има на масата, но убаво е храната да е аранжирана и привлечна за око. Идеи има многу, па доколку имате желба, најдете време и беспрекорно уредете ја трпезата за вашиот семеен празник. Еве што ние ви предлагаме:

Доколку сте во можност, направете си сатенски чаршави. Сатенот е прилично евтин, пресметајте колку метра ви се потребни и замолете некој познат кој дома има машина да ги пораби чаршавите. Во краен случај, секогаш може и да ги однесете на кројач, порабувањето на чаршавите нема скапо да ве чини, а ќе ги користите со години.

Изберете боја која одговара на боите во вашиот дом и водете сметка за бојата на чиниите. Ако имате бели чинии, во никој случај не земајте сатен со бела или светла боја. Потемниот сатен ќе ги нагласи чиниите, а и самиот чаршав ќе доаѓа до израз.

Потрудете се да направите убави и украсни салвети. Бојата нека биде иста или слична со чаршавот, за кога ќе ги ставите во чиниите да се нагласи контрастот на боите. Најдобро е да ги направите неколку дена порано, особено ако ви е потребен поголем број салвети.

Кога ќе ја гледате масата во должина сите чинии треба да се наредени во иста линија, исто и чашите поставени од десна страна на чиниите.

Организирајте се за да имате доволно време да ја аранжирате храната. Ако не можете да направите декорации од зеленчук, доволно е убаво и внимателно да ја наредите храната во чиниите, да украсите со магданос, шери домати, моркови, парчиња лимон... Пред да ги ставите на маса, избришете ги рабовите на чиниите, особено на оние во кои сте ставале салата.

Вака уредената трпеза сигурно ќе изгледа убаво и нема да остане незабележана, потребно е само малку труд и малку повеќе желба.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2075 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2017 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус