Мистеријата на Босанската Пирамида на Сонцето

29 август, 06:04

Со својата висина од 220 метри, Пирамидата на Сонцето во Високо, Босна и Херцеговина, е најголемата пирамида во светот, поголема и од грандиозната Кеопсова Пирамида.

Малото гратче Високо ја крие мистерија на петте пирамиди, онаа на Сонцето, Пирамидата на Месечината, на Змејот, на Мајката Земја и Пирамидата на Љубовта.

Градбите се наоѓаат во Долината на Пирамиди распоредени на начин на кој Пирамидите на Сонцето, Месечината и Змејот формираат правилен рамностран триаголник, а секоја нивна страна се совпаѓа со страните на светот.

bosanska piramida na sonceto, keopsova piramida, пирамида на сонцето, bosna,

Иако долго се шпекулираше за автентичноста на пирамидите, а Британскиот кралски институт упорно се обидуваше да докаже дека босанските пирамиди се измислица и не станува збор за никакво чудо, најновите независни анализи од пет одделни институти покажуваат дека Босанската Пирамида на Сонцето е автентична, древна, изградена од антички бетон, создадена во стилот на Египетските пирамиди и токму како и пирамидите во Гиза претставува древен генератор на моќ.

Научниците долго време се сомневаат дека пирамидите се изградени со помош на наука и машинерија далеку понапредна од онаа со која ние располагаме, а сите испитувања на Босанската Пирамида на Сонцето покажуваат дека и оваа градба е создадена од далеку понапредна цивилизација од нашата, а подземните ходници содржат и делови кои имаат исцелителна моќ и биле наменети за лекување.

Босанската Пирамида на Сонцето не била наменета за гробница. Напротив, научниците сметаат дека оваа градба била неверојатен центар за енергија, наменет за доброто на луѓето и нивното здравје.

Истражувањата покажаа дека пирамидата е стара најмалку 24 800 години и ниту една досега откриена пирамида во светот нема таков градежен квалитет ни старост како Пирамидата на Сонцето во Босна.

Всушност, археолозите сметаат дека Босанските пирамиди се најстарите и најголемите пирамиди во светот, оригинал каде треба да се бараат одговорите на многуте прашања за древната технологија. Доколку светот најде одговор на овие прашања, тоа би можело да значи крај за фосилните горива и огромен напредок во медицината и науката.

Кој ги изградил петте пирамиди во Високо, каква технологија била користена при нивната изградба и какви сè тајни кријат овие чудесни градби, светот допрва треба да открие.
Она што досега е познато е дека токму овде, на Балканот, постоела древна цивилизација, толку напредна и моќна што создала градби за кои не се веруваше дека ги има во Европа, а кои би можеле да ја засенат дури и Кеопсовата Пирамида.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 11569 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус