Божиќен колач

03 јануари, 00:41

Како што се наближуваат Божиќните и Новогодишните празници, така и рецептите стануваат се поактуелни. 
Жените во потрага по нешто ново, нешто што до сега не е пробано и подготвено трошат многу време. Разгледуваат, читаат и пречитуваат секакви рецепти, се консултираат со своите пријателки и си разменуваат искуства, а се со цел овогодинешните празници нивната трпеза да биде поинаква и побогата од претходната година.

За да ви излеземе во пресрет и да ви помогнеме да донесете правилна одлука, ви го претставуваме нашиот, веќе неколку пати до сега испробан и докажан рецепт за Божиќен колач.

Верувајте дека овој рецепт ќе ја збогати сечија трпеза и ќе ги задоволи сите вкусови, бидејќи неговиот посебен празничен вкус никого нема да остави рамнодушен и сите ќе посакаат да изедат парче повеќе.

Состојки:
400 гр. брашно
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
100 гр. шеќер
малку сол
½ лажиче цимет
½ лажиче мелено каранфилче
250 гр. суви смокви
250 гр. урми
250 гр. суви сливи
рендана кора од 1 лимон
рендана кора од 1 портокал
150 гр. сечкани лешници
150 гр. сечкани бадеми
150 гр. сечкани ореви
150 гр. суво грозје
150 гр. стопен путер
6 лажици млеко
5 лажици цеден сок од 1 лимов
5 лажици цеден сок од 1 портокал
1 лажица рум
1 јајце

Подготовка:
Во поголем длабок сад најпрво се става брашното, прашокот за печиво, ванилиниот шеќер, шеќерот, солта, циметот и каранфилчето и смесата убаво се меша. Во неа се додаваат сечканите смокви кои за да не ви се лепат додека ги сечкате убаво треба да се испрпелкаат во брашно, сечканите урми, суви сливи, кората од лимон и од портокал, сечканите лешници, бадеми, ореви и суво грозје и повторно смесата убаво се меша. Добиената смеса се замесува со стопениот путер и со млекото, сокот од лимонот и портокалот, румот и јајцето.
Добиеното тесто се меси убаво со раце и треба да е потврдо. 
Тестото се става во куглоф претходно убаво премачкан со маргарин, но можи и да се стави во правоаголна тава, исто претходно намачкана со маргарин. 
Се печи 1 или 1 и ½ час на 180°Ц во претходно загреана рерна. 
Откако ќе се испечи се сечи на парчиња и се посипува со шеќер во прав.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 14572 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус