Брзи солени мафини

17 јануари, 13:44

Ви се јавуваат блиски пријатели кои ви кажуваат дека за еден час планираат да ви поминат на гости, а вие дома немате речиси ништо со што би можеле да ги пречекате. 
Не очајувајте бидејќи нашиот денешен предлог за солени мафини е токму рецепт кој многу брзо, лесно и едноставно се подготвува и е наменет првенствено за вакви ситуации со непланирани гости. 
Времето за подготовка е речиси минимално, па затоа направете ги, комбинирајте ги со сирење и ајвар, или нешто по ваш вкус и спремни дочекајте ги гостите.

Состојки:
3 јајца
200 мл. јогурт
150 мл. масло
1 прашок за печиво
18 лажици брашно
малку сол и мешан сув зеленчук
лупен сончоглед
сирење по желба и вкус

Подготовка:
Јајцата убаво се матат со миксер додека да станат пенести и им се додаваат јогуртот и маслото. 
Брашното убаво се меша со прашокот за печиво во сад на страна и полека, лажица по лажица се додава во матените јајца, но смесата овој пат се меша со лажица, по можност дрвена. 
Во смесата се додаваат солта и мешаниот сув зеленчук и на крајот сирењето (ако се става) издробено со виљушка. Смесата уште еднаш убаво се меша и се става во калап за мафини, претходно убаво намачкан со маргарин.
Одозгора на мафините се ставаат по неколку семки лупен сончоглед и се печат 30 до 40 минути на 180°Ц.
Од предложената доза излегуваат 16 поголеми мафини, ако сакате да добиете повеќе или помалку, зголемете ја или намалете ја дозата соодветно во зависност од калапот.

Пријатен апетит!

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 26263 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус