Брзo и ефтино – рафаело бомбици

09 јануари, 01:58

 

 

 

 

 

 

Состојки:

  • 180 мл слатка павлака
  • 50 гр шеќер
  • ванилин шеќер
  • 150 гр бела чоколада
  • 140 гр кокосово брашно
  • 150 гр маскарпоне сирење
  • 60 гр ситни лешници (цели)
  • кокосово брашно за валкање на бомбиците

 

Подготовка:

Во сад се варат слатката павлака, ванилиниот шеќер и обичниот шеќер. Во врелата смеса се додадава и белата чоколада искршена на коцки. Откако чоколадата се растопи смесата треба да се вари околу 10 минути. Потоа извадете ja од огин, додадете го кокосовото брашно и оставете да се излади. 

Во така изладената смеса се додава маскарпоне сирење и се остава да отстои во фрижидер околу 2 часа. 
Од така подготвената смеса се прават топченца, само не ги заборавајте лешниците кои треба да се во средината на топченцата. Топченцата се валкаат во кокосово брашно.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 6806 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус