Чаеви и масти
Како сами да подготвите крема за сончање
Кога се работи за сопственото здравје компромиси не постојат. Потребата кожата да дише, а воедно да се заштити од сонце е причина зошто да продолжите со читање на оваа статија.
Сте се запрашале ли што содржат кремите за сончање кои ги купувате од продавница? Во зависност од цената и составот се прилагодува. Верувајте, ништо не е подобро од она што сами ќе го подготвите.
Крема за заштита на кожата од пчелин восок
Состојки:
- ½ чаша бадемово или маслиново масло
- ¼ чаша кокосово масло
- ¼ чаша пчелин восок
- 2 лажици цинк оксид
- 2 лажици Karite путер
- етерични масла или екстракт од ванила
Подготовка:
Во сад со дупло дно поставен над пареа ставете ги маслата, восокот и путерот. Откако ќе се растопат и ќе се соединат се остава да се излади смесата, по што се додава цинк оксид. Внимавајте да не вдишите од цинк оксидот. Се меша додека да се соедини смесата.
Се користи како и другите средства за сончање и тоа во период не подолг од 6 месеци.
Крема за сончање со алое вера
Состојки:
- ½ чаша чист гел од алое вера
- 20 капки масло од семки од морков
- 5 лажици масло од пченични никулци
- 1 лажица масло од коноп
- 5 капки масло од лаванда
Подготовка:
Сите состојки се мешаат заедно, по што пред употреба треба да се протресе целата смеса.
Каде и да одите ова лето, понесете природна крема за сончање и внимавајте на силните УВЕ зраци.
Додади коментар