Чаеви и масти

Лаворовите листови се лек за многу болести

30 јули, 01:38

До сега кога ќе се спомнеше поимот лаворов лист се мислеше само на зачин кој го подобрува вкусот на голем број јадења. Но од сега тоа нема да биде така, бидејќи во продолжение ќе дознаеме дека лаворовите листови имаат многу поширока и поголема употреба освен само како зачин.

Лаворовите листови најмногу ги употребувале Грците и Римјаните кои покрај што ги употребувале како зачин, тие исто така овие листови ги користеле и за терапија на многу болести. За нив лаворовите листови биле симбол на мудрост и мир па затоа и многу често ги имале во своите домови одгледувани во големи саксии.

Листовите од лаворот се берат кога се потполно развиени и кожести бидејќи во спротивно во текот на сушењето ќе потемнат, додека пак бобинките од лаворот се берат кога потполно ќе бидат узреани и развиени и истите најмногу се употребуваат за добивање на лековито масло.

Свежо собраните лаворови листови се многу моќни и силни антиоксиданси кои го подобруваат имунитетот, ги чуваат очите и кожата благодарение на големиот процент на витамините Ц и А. Покрај витамини овој зачин е богат и со минерали како бакар, калиум, калциум, манган, железо, селен, цинк и магнезиум.

Време е да се запознаеме малку повеќе со лаворовите листови и да дознаеме за што и какви болести може да помогнат.


Лаворовите листови го подобруваат имунитетот, го зголемуваат апетитот, го подобруваат варењето, спречуваат настанување гасови во цревата, се користат при лечење на хроничен бронхитис и прелада. Ги намалуваат и комплетно ги отстрануваат реуматските болки, намалуваат воспаленија, одлични се за намалување на силни болки, отстрануваат габични инфекции, го чистат лимфниот систем, помагаат при лекување на проширени вени, имаат антивирусно, антисептично и анелгетско дејство.

Покрај употребата на лаворовите листови за подобрување на здравјето тие исто така се употребуваат и во козметиката за лекување на кожни болести, за отстранување на првут од косата како и за третирање на мрсна и проблематична кожа.


Во продолжение ви пренесуваме неколку моќни и делотворни рецепти од лаворови листови кои се надевам дека ќе помогнат за успешно лекување на некои болести и воспаленија.

Лаворов лист за побрз раст на косата
Во 2,5 дл. не многу јак шампон се ставаат 80 капки етерично масло од мандарина и 20 капки етерично масло од лавор. Шампонот убаво се меша и се користи за секојдневна употреба.


Лаворовите листови се одличен борец против гихт
5 ситно сечкани листови се прелеваат со 5 дл. зовриена вода, се варат 5 минути на тивок оган, се тргаат од огнот и се оставаат во поклопен сад до утрото. Сокот се цеди и се пие на секој час по 1 супена лажица. Лекот секогаш се подготвува на вечер и се пие следниот ден. Се пие само 3 дена и после се прави пауза од 6 месеци бидејќи е доста јако средство кое во потполност може да ги отстрани штетните кристали од зглобовите. Додека се пие не смее да се јаде месо и да се пие алкохол и луѓе кои страдаат од чир на желудникот не смеат да го консумираат.


Чај од лаворов лист против грип и бронхитис
3 ситни исечкани лаворови листови се ставаат во 2,5 дл. вода и се варат 10 минути. Се тргаат од оган и се оставаат да поседат уште 10 минути во поклопен сад. Потоа чајот се цеди, му се додава една лажица цеден сок од лимон и две лажици мед. Чајот се меша и се пие 2 до 3 пати во текот на денот.


Лек против реума
Во аван убаво се гмечат 20 свежи зрели бобинки од лавор и потоа се варат во 1 литар зовриена вода. Сокот се цеди преку платнена крпа и се остава да се олади. Откако убаво ќе се излади од површината со лажица се собира насобраната маснотија која ќе ја испуштат бобинките во текот на варењето и таа се меша со една лажица свинска несолена маст. Смесата добро се меша, се чува во стаклен сад и се употребува како маст која се покажа дека е многу ефикасна против реума. 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4700 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус