Здравје, Природни лекови

Чај од глог за здраво срце

03 јуни, 09:56

Малите црвени бобинки познати како глог ги има насекаде во природата. Ова растение е одамна познато по својата лековита моќ, особено како природен лек за срцето.

Цвета во мај и јуни, па сега е вистинско време за собирање на цветовите. Лисјата се берат подоцна, дури по цветањето на глогот, а плодот е зрел кон крајот на летото. 

 

Како лек се користат цветот, листот и плодот. 

Цветовите, лисјата и плодовите се сушат (не сушете ги директно на сонце), потоа од нив се подготвува чај.

Чајот од плодовите пред употреба треба да се исцеди, поради ситните иглички кои ги содржи плодот.

Глогот е еден од најдобрите лекови за срцето. Ја зајакнува и подобрува работата на срцето, помага за полесно опоравување по преживеан срцев удар, ги штити и лекува крвните садови и го подобрува протокот на кислород во организмот.


Ова чудесно растение го регулира и крвниот притисок. Го зголемува премногу нискиот притисок кој се јавува како резултат на слабо срце, но и го намалува високиот притисок.

Се препорачува и за стари лица поради оштетувањата на срцевиот мускул во староста.

Покрај лекувањето на срцето, глогот влијае и на нервниот систем, го зајакнува и смирува.

Побарајте ги ароматичните цветови и црвените бобинки и подгответе чај од глог за здраво срце.


Предупредување: Не се препорачува за трудници!


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 19025 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус