Здравје, Природни лекови

Чај од овчичка торбичка против крварење

10 јули, 07:00

За оние кои страдаат од крварење на некој од внатрешните органи чајот од овчичка торбичка е вистинското решение. Оваа лековита билка која може да ја најдете насекаде околу вас помага за спречување на крварењето од белите дробови, бубрезите, желудникот, цревата, матката, носот или при вадење заб. Овчичката торбичка, исто така, помага и при хемороиди, камен во бубрези, воспаление на мочниот меур и црниот дроб.

Овчичката торбичка содржи биогени амини, флавонски гликозиди и танини. Ги зајакнува ѕидовите на крвните садови и дејствува антивоспалително. 
Оваа билка се собира од рана пролет до доцна есен.

За да подготвите чај од оваа лековита билка може да го користите нејзиниот надземен дел, и тоа: листовите, цветовите и плодовите. Во 500 мл зовриена вода се ставаат да киснат 2 лажици од овчичката торбичка. По што садот се покрива и се остава да отстои од 10 минути до 2 часа.

Во денот не смее да се пие повеќе од 500 мл, притоа оваа количина се дели на повеќе пати. Нејзиното конзумирање без потреба може да има негативни последици. Чај од овчичка торбичка не смеат да конзумираат трудници.

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 19745 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 Март

19 Март

Во 1955 година, во западна Германија е роден познатиот актер Волтер Брус Вилисон, или познат во филмската светска јавност како Брус Вилис. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус