Здравје, Природни лекови

Чајот од камилица штити од рак

15 август, 09:55

Доктор Андреа Досеф, молекуларен генетичар во Државниот универзитет во Охајо, заедно со нејзиниот стручен тим после неколкугодишни истражувања дојдоа до заклучок дека со дневно консумирање на една шолја чај од камилица, организмот успешно се спротивставува на една од најсмртоносните болести на денешницата - ракот.

Тимот истражувачи откри дека состојката апигенин која се наоѓа во овој пијалак му се спротивставува на заболените ќелии во организмот и ги отстранува.

Овој ензим ги блокира ќелиите кои се заболени со рак, го спречува нивното понатамошно ширење и ги прави да бидат осетливи на лекови.

Исто така апигенинот ги подобрува абнормалностите кои се наоѓаат во рибонуклеинската киселина, кои се одговорни за појавувањето на дури 80 видови на рак.

Овој ензим исто така се наоѓа и во други здрави продукти како што се целерот и магдоносот, а во помали количини го има скоро и во сите видови на медитеранско овошје и зеленчук.

Знаеме дека најважно е колку што можеме здраво да се храниме.
Храната, како што може да биде лек, исто така може да биде и една од главните причини за појава на некои видови заболувања.
Не дозволувајте пореди неправилно приготвена, комбинирана и балансирана храна да станете жртва на храната.

Најдобро е колку што можеме повеќе да консумираме свежо овошје и зеленчук, бидејќи во нив се содржат сите потребни витамини, минерали и ензими кои му се потребни на организмот за нормално да функционира и успешно да му се спротивстави на болестите.

Потрудете се во денот задолжително да внесете барем по еден вид на зеленчук и овошје - ова да ви биде правило.

Бидејќи чајот од камилица, благодарение на апигенинот, се покажа како превентивно средство кое штити од рак, ви препорачуваме секојдневно да консумирате по една шолја свежо подготвен чај.


Грижете се навреме за вашето здравје, не чекајте нешто да се случи, па потоа да дејствувате.
Во многу случаи задоцнетата реакција била кобна по здравјето, па не дозволувајте тоа да ви се случи и вас. 

Превенцијата води кон подолг и поздрав живот.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3911 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

30 Ноември

30 Ноември
На денешен ден, во 1835 година е роден американскиот писател Семјуел Лангхорн Клемeнс, познат како Марк Твен.     
© 2020 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус