Во 2010 година НАСА и Меѓународната астрономска унија го донесоа решението со кое едно од езерата на Сатурновата месечина Титан е именувано во чест на Охридското Езеро.
Во 1965 година во Њујорк е роден познатиот и во последно време контроверзен актер Чарли Шин. Негов татко е познатиот актер Мартин Шин, а брат му е актерот Емилио Еставез.
Во 1872 година во селото Влахи, Мелничко, во Пиринска Македонија, денешна Бугарија, е роден Јане Сандански, еден од најистакнатите македонски револуционери, познат и почитуван војвода и одличен раково