Чоколадо со кокос - домашно Боунти

18 октомври, 06:24

Состојки:

60 гр. потстопен маргарин
250 гр. шеќер во прав
200 гр. кокос
4 лажици матена хопла или шлаг крем/пена

 

 

 

Подготовка:

Од сите состојки правиме смеса и формираме коцки или правоаголници.
Најдобро е да користите модли кои се навистина погодни за визитарски колачи.

Подготвените форми една по една се потопуваат во топено чоколадо, се оставаат да се исцедат и да се здрви чоколадото.

Украсете со цветчиња, со бело чоколадо, употребете фантазија и бидете креативни.


Посна варијанта

Посната варијанта на чоколадото со кокос би била со шлаг пена (проверете на пакувањето дали содржи млеко).


Посна или не, смесата е малку проблематична поради кокосот и се крши кога се прават форми. Убаво измесете ја, додадете повеќе маргарин ако е потребно, може и малку топла вода за посната варијанта. Важно е маргаринот убаво да го спои кокосот за да направите форми.

Потребно е малку повеќе труд и време, но колачите се многу вкусни, потсетуваат на добро познатото „Боунти” чоколадо и вреди да се направат.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 6522 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус