Животен стил, Кујна, Моите рецепти - Здравје на мени

Крем чорба од зеленчук или пире од зеленчук? Хммм..??? Изборот е ваш

26 февруари, 06:40

Време или невреме? Што ли прави оваа зима? Па иако е зима може ли од -5 до +15 за само неколку часа во денот и може ли тогаш вашиот крвен притисок или едноставно вашето расположение да се снајде со вакви температурни промени.

Да бидеме искрени пред себе, и сосема здравите луѓе тоа го чувствуваат па камо ли хронично болните или така виканите метеоропати кои секоја температурна и друга метеоролошка промена ја чувствуваат.

Што можеме да направиме за да си помогнеме? Наједноставното и најбезболното нешто е да обрнеме внимание на нашата исхрана на тој начин што ќе ја балансираме, ќе ја сведуваме на комбинација на здрави намирници кои самите тие не се потенцијални алергени и не се во улога на поддржувачи на алергиски реакции, а  ќе придонесат нашиот имунитет да застане на здрави и цврсти нозе.

Најпосакувани комбинации за оваа цел се комбинациите на зеленчук. Приготвувањето е многу едноставно, краткото термичко третирање допринесува вредните состојки да се задржат во максимална концентрација и можност дигестивниот систем подобро да ги искористи.

Мојот предлог има две можности:
- ако сакате може да биде чорба НО може да биде и
- пире од зеленчук само со мали лесни промени.

Потребен материјал:
- 1 поголем компир или 2 помали
- 2 моркови средна големина
- 1/2 главичка корен од целер
- 1 пашканат средна големина
- 1 црвена пиперка
- 200 гр. грашок
- 1/2 китка магдонос
- 1/2 китка лист од целер
- 1 кафена лажичка биозачин  или 1 кафена лажичка гомасио
- 1/2 кафена лажичка куркума
- црн бибер
- босилек по желба
- 2 супени лажици маслиново масло или 30 гр. путер
- 1 ½ л. вода

Подготовка:
Во подлабок сад за варење се става зеленчукот исечкан на крупни делови, се додава водата, а од зачините само биозачинот и куркумата. На средна температура се вари со затворен капак околу 40 мин. сè додека зеленчукот не стане толку мек да може да се боцне со виљушка, што значи никако не смее да се превари и да биде многу мек.

Ако сакате да правите чорба тогаш во варењето се става и маслиновото масло, а ако сакате да правите пире тогаш во варењето не се става маснотија.

Кога зеленчукот ќе биде готов за варијанта чорба се става во блендер, му се додаваат другите зачини и се блендира сè додека не се добие текстура за крем чорба.
НЕЛИ ВИ КАЖАВ МНОГУ ЛЕСНО И ЕДНОСТАВНО, А ВКУСНО, ПА ЌЕ ЈА ПРОБАТЕ И ЌЕ СЕ УВЕРИТЕ САМИ.

Вака приготвената чорба во себе ги има многу повеќе задржано витамините, а нивната искористливост поткрепена со добрата меѓусебна подносливост на зеленчуци кои добро кореспондираат меѓу себе е 100%.

Ако се одлучите за пире, тогаш зеленчукот се вари без маснотија, а потоа кога ќе биде готов се става во блендер во кој се додава и путерот и онолку течност колку треба да се добие текстура на пире.
УШТЕ ПОЛЕСНО НЕЛИ?

Ова пире е многу убаво и за декоририрање и украсување, а во исто време и прекрасна комбинација со риба за чие приготвување ќе стане збор во следниот рецепт.

ВИ ПОСАКУВАМ ДОБАР И ЗДРАВ АПЕТИТ...ПАА..МОЖЕТЕ И ЕДНА ЧАШИЧКА УБАВО МАКЕДОНСКО ЦРВЕНО ВИНО ЗА ДОБРО ЗДРАВЈЕ..
НА ЗДРАВЈЕ..А ШТО ПОУБАВО ОД ТОА ДА СМЕ ЗДРАВИ...НИШТО...

 


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 3418 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус