Црната Шума во Германија – реалност или фантазија?
Во југозападна Германија се протега неверојатно живописен ланец од планини, долини и мочуришта.
Она што му дава посебна убавина и мистичност на ова место е Црната Шума, која името го добила поради густината на дрвата и темнината која ја создаваат.
Областа околу Црната Шума е рај за туристите кои уживаат во природните убавини, а за уживањето да биде уште поголемо, тука се и малите селца кои нудат сместување во куќички налик на оние од приказните.
Црната Шума е приказна сама за себе. Неповторливата магија на ова место ќе ве врати назад во времето, во приказните за Јованче и Марика, или пак ќе имате чувство дека од некаде ќе излезе Црвенкапа во друштво на волкот.
Многу легенди и митови зборуваат за магичноста на ова место, за натприродните суштества кои живееле во шумата, за нимфи, волци, духови и вештерки.
Иако Црната Шума навистина постои и не е опасно да се движите низ неа, самото опкружување ќе ве натера да се запрашате дали ова место е реалност или фантазија.
Природата толку несебично ја покажала својата убавина и ја обвиткала Црната Шума со своите најубави бои, што несомнено ќе се чувствувате како да сте дел од некоја бајка.
Можеби не можеме за скоро да ја посетиме, но ништо не нè спречува преку фотографии да уживаме во убавината на Црната Шума и да понесеме дел од магијата и мистичноста на ова неверојатно место.
Недопрената убавина која плени на прв поглед
Куќичка во пределот околу шумата
Поглед кон Црната Шума
Додади коментар