Животен стил, Кујна, Рецепти

Чудо од чоколадо

21 јуни, 08:42

Состојки за кората:
4 јајца
100 гр. шеќер
200 гр. маргарин
100 гр. чоколадо за готвење
4 лажици брашно
1 прашок за печиво

Состојки за кремот:
½ литар слатка павлака
200 гр. чоколадо за готвење
1 лажица шеќер

Подготовка:
Се одвојуваат жолчите од белките и одделно, во два посебни садови, се матат со миксер.
Маргаринот и чоколадото за готвење се топат на пареа, а брашното се меша со прашокот за печиво.

Во садот со изматените жолчки прво се додава шеќерот и смесата се мати додека не се растопи шеќерот. Потоа се додава стопениот маргарин и чоколадото, па брашното и прашокот за печиво и на крај посебно изматениот снег од белки. Смесата убаво се меша за да се соединат сите состојки, се става во правоаголна тава и се печи 30 минути на 180 °C.

Во друг сад се ставаат состојките за кремот, слатката павлака, шеќерот и чоколадото за готвење да се стопат додека да почнат да вријат.
Кремот цело време се меша за да не се направат грутчиња.

Откако ќе се испече кората, на неколку места се прободува со виљушка и додека е топла се прелева со топлиот крем.
Откако малку ќе се олади, чудото од чоколадо се става во фрижидер и потоа се сечи на коцки. 


Пријатен апетит! 

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 6563 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус