Чудотворната моќ на Света Ана

07 август, 06:00

Денес се празнува успение на Света Ана, мајката на Пресвета Богородица Марија. По тој повод христијаните од цела Македонија го посетуваат манастирскиот комплекс посветен на Света Ана во село Маловишта, Битола, кое е единствено во рамките на Националниот Парк Пелистер.
Манастирскиот комплекс се наоѓа на 1400 метри надморска височина, на околу 2км оддалеченост од селото Маловишта, во густа букова шума. Комплексот може да угости голем број посетители со своите конаци,  да ги „почести“ со чист планински воздух и ладна и свежа планинска вода од многубројните извори.
Постои верување поврзано со манастирот Света Ана кое вели дека манастирот има чудотворна моќ да дава пород. Брачните парови кои имаат проблеми со формирањето на семејство, на  6–ти наспроти 7–ми август треба да преспијат во просториите на црквата Света Ана. А таа ќе ги слушне и исполни нивните молитви и ќе ги успокои и израдува нивните души.
Мештаните раскажуваат за многу брачни парови кои немале деца, но по посетата на манастирот добиле пород и благодарни, секогаш доаѓале на славата на манастирот.
Во близина на манастирот има и лековита вода што извира од коренот на една бука и тука е од памтивек.
Посетете го манастирскиот комплекс Света Ана во Маловишта и почувствувајте го мирот што ќе завладее во вашите души...

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 50350 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 Март

19 Март

Во 1955 година, во западна Германија е роден познатиот актер Волтер Брус Вилисон, или познат во филмската светска јавност како Брус Вилис. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус