Заедно да ја зачуваме природната средина

05 јуни, 05:47

Секоја година, на 5 јуни светот го празнува Светскиот ден за заштита на природната средина.
Ова е еден од најмасовните настани на Планетата во кој учество земаат сè поголем број луѓе и организации низ целиот свет.

Светскиот ден за заштита на природната средина е ден на акција, ден кога човештвото се обидува да направи нешто добро и корисно, со цел да ја зачува нашата планета, за нас и за идните генерации.
 

Секоја година овој ден има земја – домаќин, а и мото под кое се одбележува.
Годинава домаќин е Монголија, а мотото на овој светски ден е Think.Eat.Save (Мисли.Јади.Зачувај).

Одбележувањето на денот на природната средина годинава е посветен на непотребното трошење и уништување на храната.
Додека милиони луѓе ширум светот гладуваат, една третина од храната која се одгледува на нашата планета никогаш не стигнува до потрошувачите и едноставно се уништува, иако за нејзиното производство се трошат огромни количини на енергија и вода, како и работна сила.

Целта на кампањата Мисли.Јади.Зачувај е да ја подигне свеста на човештвото и да нè поттикне сите нас да најдеме начин за намалување на непотребното трошење и уништување на храната.

Секој може да придонесе,тргнувајќи од своето семејство и својот дом.
Гледајќи на глобално ниво, можеби вашиот напор да придонесете ви изгледа безначаен, но секој еден поединец кој ќе направи нешто корисно за човештвото, е навистина важна алка во синџирот на доброто.

Мисли.Јади.Зачувај ја Планетата за себе и идните генерации!
 


Дознај како можеш да придонесеш на http://www.thinkeatsave.org/
 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3353 пати.

Коментари [1]

Tajna

preubavo

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус