Животен стил, Живеј квалитетно

Дали би издвоиле 67 минути од вашето време?

18 јули, 06:57

Бидејќи секое човечко суштество заслужува достоинствен живот...

67 години од својот живот Нелсон Мандела ги посвети на борбата за правда, слобода, расна еднаквост и хуманост.

67 години живеше и создаваше во духот на хуманоста и борбата за достоинствен живот на секое човечко суштество на Планетата.

Неговиот живот стана инспирација за многумина кои ја разбраа едноставната вистина: секој може да дејствува позитивно на другите, секој може некому да помогне, да придонесе за создавање на поубав и подобар свет, да направи навидум мал, а толку значаен чекор за човештвото.

Дали би издвоиле само 67 минути од вашето време токму денес, на роденденот на Мандела, на денот кој светот го слави како Интернационален ден на Нелсон Мандела и секој симболично посветува 67 минути за помош на другите?

Дали би се обиделе некому да помогнете, да направите нешто добро за другите, да бидете хумани, да бидете луѓе?

Секое патување почува со еден мал чекор и секој од нас може да биде алка во синџирот на добрината и хуманоста, непроценлив дел од борбата за подобар свет.

Преземи акција. Инспирирај промена. Направи го секој ден да биде Ден на Нелсон Мандела.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1728 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус