Животен стил, Хороскоп и Нумерологија

Дали си одговарате според хороскопскиот елемент?

28 ноември, 06:42

12 знаци од Зодијакот се поделени во 4 групи, во зависност од тоа на кој елемент му припаѓаат.

Астрологијата посветува големо внимание на елементите, бидејќи тие играат клучна улога во нашиот однос со другите луѓе.

 

 


Според припадноста на одреден елемент, хороскопските знаци се поделени на 4 групи:

Елемент Земја: Бик, Девица, Јарец
Елемент Оган: Овен, Лав, Стрелец
Елемент Вода: Рак, Шкорпија, Риби
Елемент Воздух: Близнаци, Вага, Водолија

Дали си одговарате според хороскопскиот елемент?

Оган и Оган
Ова е многу интересна комбинација, кога врските се во прашање. Врската меѓу две личности кои припаѓаат во знакот Оган знае да биде доста интензивна, со чести промени во расположението. Понекогаш таа врска е многу страсна, но има денови и кога е напната, проследена со чести караници и судири на егото на двата партнери.
Сепак, оваа комбинација има и добра страна. Не постои злоба, ни замерки, а на огнените знаци никогаш не им е здодевно кога се заедно.
 

Оган и Земја
Ваквата комбинација може да прерасне во доста стабилна врска, но сепак не е најдобар избор, бидејќи тензијата ќе биде неизоставен дел од врската. Огнените знаци не сакаат рутини и секогаш се расположени за промени. Земјените знаци пак воопшто не сакаат промени. Добрата страна на оваа комбинација е креативноста која би можела да произлезе од врската меѓу воден и земјен знак.
 

Оган и Воздух
Ова е можеби најлошата љубовна комбинација. Огнените и воздушните знаци не можат да најдат заеднички јазик, па често ќе страдаат во врската.
 

Оган и Вода
Уште една чудна комбинација, која зависи и од други фактори освен влијанието на елементите. Ако другите фактори влијаат поволно, партнерите би можеле да создадат добра врска. Во спротивно, огнените и водените знаци тешко ќе можат да ги надминат разликите.
 

Земја и Воздух
Земјените и воздушните знаци може да создадат добра врска, доколку знаат да функционираат како тим и да создадат продуктивна врска.
Лошата страна на оваа комбинација е природата на воздушните знаци кои честопати знаат да критикуваат, па земјениот знак ќе биде несреќен и потчинет.
 

Земја и Земја
Во суштина добра комбинација, партнерите добро се разбираат, секој од нив ги знае потребите на другиот, се надополнуваат... Ваквата комбинација  може да им донесе внатрешен мир и стабилност.
Негативната страна на оваа комбинација е песимизмот карактеристичен за земјените знаци. Ако едниот од партнерите е песимист, може негативно да влијае на другиот, а ако и двата се песимисти, можете да претпоставите каква ќе биде врската.
 

Земја и Вода
Енергиите на земјените и водените знаци одлично се согласуваат, па ова е супер комбинација. Врската меѓу личности родени во знакот на земјата и водата може да биде многу стабилна и продуктивна.
 

Вода и Вода
Шансите за успешна врска на два водени знаци се поделени. Или врската ќе успее и ќе биде прекрасна, или воопшто нема да успее. Водата ги претставува емоциите, па ова ќе биде доста емотивна врска, но од двата партнери ќе зависи дали ќе напредуваат или ќе западнат во лоша врска.
 

Вода и Воздух
Водените знаци сакаат нештата да се одвиваат според нивното темпо и потреби, а воздушните имаат потреба од поголема активност и забрзување на нештата, а како резултат на тоа врската ќе има чести емоционални кризи.
 

Воздух и Воздух
Оваа комбинација на енергии води кон врска во која партнерите може да разговараат со денови, а ништо да не си кажат, едноставно да не се разбираат меѓусебно, колку и да се трудат.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3389 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

23 април

23 април

Во 1616 година починал Вилијам Шекспир, англиски поет и драматург, автор на 38 драми, 154 сонети и неколку поеми.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус