Дали сте причина за нечие страдање?

28 декември, 00:27

Статијата е наменета за секој од нас, особено за оние кои играта на животот ги претвора во сурови личности.

Многу е лесно да го обвиниш другиот за она што ти се случува, лесно е да посегнеш по нечие достоинство и некому да му го направиш животот мизерен.

Да, лесно е, но што кажува тоа за тебе? Зарем смислата не животот лежи во обвинувањето и измачувањето на другите?
Што е со простувањето, со човечноста, со наоѓањето заедничко решение?

Понекогаш трошиме премногу време во обидот да го најдеме виновникот, очајно бараме некој врз кој ќе го истуриме гневот, обвинуваме и повредуваме наместо да се соочиме со сопствените проблеми.

Ја губиме топлината на меѓучовечките односи, забораваме на поддршката, разбирањето, забораваме дека сме луѓе.

Простувањето и разбирањето треба да бидат најлесните нешта на светот, особено во односите со најблиските.

Болката, лутината и страдањето нема да исчезнат ако заборавите да простувате.

Ценете го она што го имате. Одржувајте ја топлината на домашното огниште и не дозволувајте да бидете причина за нечие страдање.

Ако секој од нас на животот гледа на овој начин, низ очите на љубовта и добрината, решението на секој проблем полесно ќе се најде.
Не заборавајте: Каде што има слога, таму е и Бог.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1711 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус