Животен стил, Живеј квалитетно

Дали врската навистина им е прекрасна?

23 јуни, 00:01

Сигурно сте сведоци на многу силна, чиста и совршена љубов која некој од вашите пријатели ја споделува на фејсбук. Честите коментари кои си ги даваат еден на друг, љубовните песни, заедничките фотографии, многубројните бакнежи и прослави ќе ве поттикнат да помислите дека тие се најсреќниот пар, ја имаат најцврстата врска. Некои на тоа гледаат како на лажно преувеличување на нештата. 

За оваа појава пројавија интерес и истражувачи од областа на науката за социо-психолошкото и личното однесување. Според нивните резултати, луѓето кои често споделуваат информации за нивната врска или нивниот брак на фејсбук се многу посигурни од оние кои тоа ретко го прават. Притоа истражувачите утврдиле три главни индикатори кои покажуваат колку врската е среќна. Тоа се: објавувањето фотографии од нив двајца на кои се среќни и се сакаат, објавувањето статуси кои укажуваат на нивната взаемна доверба и силна љубов и споделувањето на статии кои се во насока на поддржување на љубовта, врските, верноста и добрите сексуални односи.

Контрадикторно на резултатите од ова истражување се претпоставките кои неколку години наназад се присутни во јавноста според кои фејсбук е причината за повеќе од 20% од разводите.

Колку е добро да се споделуваат чувства и приватни информации на фејсбук останува сами да одлучите, некогаш може да го изгубите тоа што го имате затоа што оние кои ви љубоморат ќе се обидат да ви наштетат.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2440 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус