Животен стил, Кујна, Направи сам

Декоративна пченица за Божиќ

10 декември, 05:25

Зелениот дел од пченицата изгледа толку убаво и свежо, па можеби затоа претставува прекрасен украс, а воедно внесува и посебна свежина во домот.

Прв пат видов ваква чинија со пченица кај моите пријатели католици, кои токму за католичкиот Божиќ ја ставаат на масата. Не го знам значењето на пченицата поврзано со Божиќ, но и не мора да има некое посебно значење за да ја разубавите Божиќната трпеза.

Може дури да се направи и за Велигден бидејќи одлично ќе се вклопи во велигденското шаренило, јајцата, пилињата и зајачињата.

Подготовка:

На пченицата ѝ е потребно некое време за да порасне, затоа направете ја барем 20-на дена пред Божиќ. Ако премногу нарасне, едноставно истрижете ја со ножичка.

Во садот во кој сакате да израсне ставете малку земја (може и вата, но поради влагата вагата лошо ќе мириса).

Ставете ги зрната пченица над земјата и залејте ги со вода. Садот чувајте го на светло и топло место и на неколку дена залевајте ги зрната, но не претерувајте со водата бидејќи пченицата може да фати мувла.

Ќе забележите како почнува да ‘рти, потоа ќе расте зелениот дел и најпосле ќе имате прекрасна декоративна пченица.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5930 пати.

Коментари [3]

Violeta

prekrasna e kako dekoracija no nie vo naseto semejstvo ja koristime za jadenje vo salati,polna e so minerali i hranlivi materii

Suzana

Jas sluchajno najdov shto znachi mlada pchenica za katolicite na katolichkiot Bozhik. Citat: "Ovo prirodno zelenilo ukras je božićnoga stola, a simbolično predstavlja umiranje i ponovno rađanje prirode, te u kršćanskoj vjeri blagoslov ljetine". Izvor: http://www.coolinarika.com/magazin/clanak/bozicna-psenica/ Ubavo izgleda, no sepak jas ne bi koristela tugji tradicii vo sopstvenata, (shto voedno na nekoj nachin i ja menuva verata) ima mnogi varijanti od nashite shto nema potreba od tugji. Pozdrav :-)

Suzana

p.s. Propushtiv da spomnam deka na nashiot Bozhik i nie koristime pchenica no vo druga forma, t.e. varena vo vid na pchnichen puding. Taka da i od taa gledna tochka ne odgovara i ja menuva/krshi tradicijata na upotreba na pchenicata za toj den.

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус