Убава наша, Репортажи

Делата на Свети Наум Охридски – Чудотворец

03 јули, 14:00

Денес го празнуваме споменот на Свети Наум Охридски – Чудотворец. Свети Наум Охридски е роден во првата половина на деветиот век. Сакајќи да ги следи чекорите на словенските браќа Свети Кирил и Свети Методиј се откажува од богатството и угледот и тргнува на пат кон својата цел. 

Свети Наум Охридски е еден од основоположниците на словенската и македонската писменост. Основач е на Преславската книжевна школа, работел во Охридската книжевна школа продолжувајќи ја дејноста на Свети Климент Охридски, бил учител, просветител, автор на две кратки житија и имал познавања од народната медицина. Во близина на Охрид го изградил манастирот Свети Наум. Црквата изградена до манастирскиот комплекс е посветена на Светите Архангели Михаил и Гаврил. 

Заедно со словенските браќа Свети Кирил и Свети Методиј учествувал во Моравската мисија. 

И денес многу луѓе кои веруваат во чудотворноста на Свети Наум Охридски доаѓаат во манастирот за да побараат исцеление. Околу манастирот има повеќе свети води, меѓу кои и на Света Петка и Свети Атанасиј.

Свети Наум Охридски починал на 23 декември 910 година, а неговите мошти се наоѓаат во гробот во манастирот Свети Наум, покрај Охридското Езеро.

За многу години да ни е денешниот ден!

Sveti Naum Ohridski - Cudotvorec


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 11628 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус