Занимливост, Интересно

Делфин пронашол торпедо старо 130 години

21 мај, 12:47

Делфините се чудесни суштества кои имаат најсофистициран природен сонар, благодарение на кој одлично ги истражуваат морските длабочини.

Токму поради тоа делфините се дел од морнарицата каде се обучуваат да бараат мини и други објекти кои се кријат во длабочините.

Неодамна, еден од овие добро обучени членови на морнарицата пронајде торпедо старо 130 години во крајбрежјето на Сан Диего.

Станува збор за едно од првите самоодни торпеда кои ги користела морнарицата на САД. Само 50 вакви торпеда биле произведени, а ова е второто кое досега е пронајдено.

Обучените делфини пријавуваат дека пронашле некаков објект, а потоа помагаат да се лоцира она што го пронашле.

Нуркачите очекувале дека на морското дно ги чека подводна мина и навистина се изненадиле кога сфатиле дека делфинот пронашол редок артефакт од 19 век.
 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1984 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус