Мој предлог, Книга
Демонот и госпоѓица Прим – книга за борбата на доброто и злото
„Животот нè става пред предизвик за да ја тестира нашата храброст и волја да се промениме”.
Дали луѓето во суштина се добри или лоши? Имаме ли слобода сами да го избереме својот пат?
„Демонот и госпоѓица Прим” е книга за искушенијата кои ни ги носи животот и вечната борба меѓу доброто и злото која постојано се одвива длабоко во нас.
Малото гратче Вискос, потполно изолирано од светот, ќе прерасне во вистинско боилиште на доброто и злото кога еден странец ќе понуди многу злато доколку жителите на Вискос извршат страшно злосторство...
Пауло Коелјо повторно ве води на едно незаборавно патување кое ќе ви покаже како треба да се следат соништата и да се надмине стравот кој не спречува да живееме.
„Секогаш кога сакате нешто да постигнете, ширум отворете ги очите, концентрирајте се на целта и бидете сигурни во она што сакате да го постигнете. Никој не може да ја погоди метата со затворени очи”.
Додади коментар