Позитива, Поучни приказни

Девоjчето и жарчињата

03 декември, 00:24

Една многу ладна зима во десет членото семејство на тригодишното девојче Марија огништето згаснало, нејзината мајка немала повеќе чкорчиња. Мајката го замолила девојчето да отиде до кај дедото Арсо кој живеел до нив и да ѝ даде неколку жарчиња, но немала лопатче за да ѝ го олесни носењето. Девојчето веднаш истрчало кај дедото.

„Дедичко, мајка ми ме испрати да ми дадеш неколку жарчиња.“

„Зошто ви се жарчињата?“- прашал дедото.

„Не ни останале жарчиња во огништето, а мајка ми немаше ни чкорчиња за да го запали огнот.“ - одговорило девојчето.

„А како да ти дадам жарчиња кога немаш ни лопатче?!“

„Дедичко јас ќе ги спојам дланките, а ти ќе ставиш малку пепел на нив, а на пепелта ќе ги ставиш жарчињата, така нема да ми жежи.“

Дедото зачуден од тоа што го слушнал, се насмевнал и го услужил малото девојче.

 

Запомнете: Учиме додека сме живи. Дури и од три годишно детенце можете да научите нешто ново.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 4769 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус