Позитива, Поучни приказни

Девојката, човекот и колачињата

18 февруари, 09:53

Една девојка во чекалната на еден голем аеродром го чекала летот за авионот со кој требало да патува. Бидејќи требало долго да чека, одлучила да си купи книга за да не и биде досадно. Покрај книгата, купила и едно пакетче со колачиња и седнала во чекалната. Веднаш до неа, на празното столче биле колачињата, а на другото столче седел еден господин, кој читал весник. 

Кога зела едно колаче и господинот зел едно. Таа се зачудила, но не рекла ништо.

Продолжила да ја чита својата книга, но во себе си помислила: „Види колку е безобразен овој господин, да имав малку повеќе храброст, до сега ќе го удрев” .

Секој пат кога таа земала колаче и господинот кој седел покрај неа, без да размислува, исто така си земал.

Продолжиле така сe додека не останало уште едно колаче. Девојката си помислила: „Што ќе направи сега?” 
Човекот го зел последното колаче и го поделил на половина.

Девојката била запрепастена. Си ги собрала своите работи, ја зела книгата и отишла во друга чекална. Нашла друго место каде немало никој кој би седел до неа. Кога малку се прибрала и кога и поминал бесот, ја отворила торбата за да ја врати книгата, и во торбата го видела своето пакетче со колачи, кое не било ни отворено.

Се засрамила, и дури тогаш сфатила дека колачите кои биле исти како нејзините му припаѓале на господинот кој седел покрај неа, и кој без жалење и нервоза го поделил со неа и последното колаче, за разлика од неа, која се чувствувала повредена и горделива.

Колку пати во нашиот живот сме „изеле туѓи колачи”, а за тоа не сме биле свесни, никогаш нема ни да дознаеме. 
Пред да донесете избрзан заклучок, пред да почнете да мислите лошо, погледнете ги деталите со големо внимание, бидејќи многу често ситуацијата не е онаква како што изгледа на прв поглед.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2633 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

12 август

12 август

Во 30 година п.н.е. починала Клеопатра, последената вледетелка на Птоломејската династија.

© 2020 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус