Мој предлог, Филм

Divergent – возбудлива приказна за еден поинаков свет

11 август, 00:25

Снимен според истоимениот светски бестселер, „Различни” (Divergent) е возбудлива приказна за еден свет каде постојат пет фракции и секој мора да се одлучи за една од нив.

Ваквата општествена поделба на прв поглед води до еден мирен свет каде сите ги почитуваат законите и правилата, но зад привидната хармонија се кријат поединци желни за власт кои не се двоумат да посегнат по туѓите животи за да ја остварат својата цел.

Кога една млада девојка ќе треба да ја избере својата фракција, сфаќа дека е различна, бидејќи не се вклопува во ни една од петте општествени групи.

Таа и сличните на неа се познати како divergent (различни), поединци на кои другите гледаат како на закана за општеството и со сите сили се обидуваат да ги откријат и уништат.

Приказната има и своја романтична страна, со што филмот е привлечен не само за љубителите на акција и авантура, туку и на оние кои сакаат љубовни приказни.

Младата актерска екипа е збогатена со одличните Кејт Винслет и Ешли Џад кои имаат споредни улоги.

Ако сте љубител на филмовите од типот на „Играта на Ендер” и „Игрите на гладните”, сигурно ќе уживате и во „Divergent”.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2634 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус